„Ладен туш“ од бугарските социјалисти за Заев

Претсдателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова оценува дека во моментов нема услови Бугарија да се согласи Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ, пренесува новинската агенција Фокус.

„Нашата позиција останува непроменета. Во моментов нема услови Бугарија да даде согласност за почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Ја искажавме нашата подготвеност да останеме отворени за дијалог на сите нивоа за да најдеме решение за ова прашање, бидејќи нашиот принципиелен став е дека пристапувањето на Македонија во ЕУ е гаранција за регионот и можност за развој“, нагласи Нинова.