За утре претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски свикал седница на Централниот и Извршниот одбор на партијата, потврди портпаролката на партијата, Богданка Кузеска
„По вчерашната средба имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Кузеска денеска на прес-конференција.
Според Кузеска, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го промениле ставот , како што рече, „прифатија уставни измени и учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри“.
Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, рече рКусеска само да не се измислуваат нови и нови услови.
„Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено“, рече Кузеска.