Курти тврди дека Борел му подметнал друг текст на договор со Белград

Косовскиот премиер тврди дека договорот што синоќа го постигнаа главните преговарачи на Белград и Приштина не е истиот договор што им беше понуден на двете страни за време на преговорите во Брисел во понеделникот.

Курти во парламентот во Приштина изјави дека не се работи за договор за регистарски таблички, туку за, како што тврди, договор за преговори за германско-француски предлог за решавање на косовското прашање, пренесе Нова ТВ.,.

Тој вели и дека ставот на Приштина останал ист, но дека „позицијата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел е променета“.

Српските таблички остануваат во Косово, САД го поздравија договорот

„Синоќешниот договор не е договор за регистарски таблички. Ќе дадеме простор за преговори за предлогот на ЕУ, кој претходно беше наречен француско-германски предлог“, рече Курти.

Тој додаде дека текстот на договорот постигнат синоќа „е двојно подолг од оној предложен во понеделник“.