Курти не му оди на Еди Рама во Тирана

Портпаролот на владата во Приштина, Перпарим Криезију изјави дека Аљбин Курти денеска нема да оди на средба во Тирана со Еди Рама каде се одржува неформален состанок на регионалните лидери на кој присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
.
Според косовски медиуми, на негово место ќе оди заменикот Бесник Бисљими.

Криезију на Фејсбук изјави дека Курти пред една недела добил покана од Рама за неформалната средба.

„Премиерот Курти го информираше премиерот Рама дека овој пат нема да може да оди бидејќи пред неколку месеци го потврди своето учество на конференцијата на Крит, Грција, каде што панелот за Западен Балкан е точно истиот ден и на во исто време“, истакна Криесиу.

Тој додаде дека Курти ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври годинава.

За време на неодамнешната посета на Рама на Косово, Курти одби да се сретне со него, наведувајќи дека ќе се согласи на тоа само во рамките на средбата меѓу двете влади.