Избеганите на Косово, Алил Демири у Африм Исмаиловиќ, двапати осудени во отсуство на доживотна казна затвор за убиство на четирите деца и рибарот на брегот на Смилковско Езеро во 2012 година, нема да бидат екстрадирани во Македонија.

Премиерот Албин Курти, кој ја предводеше косовската влада на заедничка седница со македонската во Скопје, рече дека нема доверба во македонското судство, јави СакамДаКажам.


„Нашите министри за правда се во директен и редовен контакт и за ова прашање. Знаеме дека од минатото наследивме трагични случаи и тешки предмети кои имаа наследени тешки предмети . Но има и други предмети кои според мое убедување не се разјаснети докрај и ја немаме за целосната вистина”, кажа Курти одговарајќи на новинарско прашање.

„Со премиерот Зоран Заев разговаравме за меѓусебна поддршка, но и за меѓународна помош, како би имало правда и за двете земји, но и за жртвите, како би се научила вистината на крајот”, вели косовскиот премиер.

Заев не почувствувал потреба да ја коментира оваа изјава на Курти, јавува СДК.