Курти ќе прави „Самоопределување“ и во Македонија

Експремиерот на Косово и лидер на движењето „Самоопределување“ , Албин Курти, најави иницијативата за формирање на Движењето и во Македонија, пренесоа албански медиуми. .

Курти ова го соопшти на денешниот митинг на „Самоопределување“ на плоштадот Скендербеу во Приштина, каде се одбележуваше и годишнина од „ослободувањето на Косово“ и 15-годишнина од основањето на движењето.

Движење Сапооределување има и во Албанија и во дијаспората. (Вечер)