Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, се надоврза на лавината критики за недоличната гестикулација на лидерот и премиер Зоран Заев на предизборниот митинг во Аеродром.

„Често пати сум сакала да им објаснам на оние кои не го познаваат колку е прост, но никогаш не ми успеало на начин на кој самиот најдобро се објасни себеси“, коментира Куновска на Фејсбук.

„Неговиот срам станува и срам на СДСМ, а тие пустите аплаудираат на простотилакот и зад него и во публика пред него“, додава таа под реакција на нејзината објава.