Во пост со наслов ,,Апсурди” екс пратеничката на СДСМ ги коментира последните апсурди на релација Брисел – Софија – Скопје.

Таа не може да ја разбере европската логика на Бугарија.


,,Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство од тие што може да и ги обезбеди самата унија ?!

Колку ли е пак загубена на својот пат ЕУ ако Бугарија може да си игра со ветото со сите останати членки на унијата, прикажувајќи се како потенцијална жртва на малечката Македонија?!”, прашува реторички Куновска.