Има ли уште некој што верува дека Заев спроведе демократски избор за претседател на СДСМ?, прашува Софија Куновска, поранешен висок член на СДСМ, алудирајќи на измините што ги прави партијата за независни кандидати и листи за советите на општините.

Од оваа перспектива, кога се обидува да ги оневозможи иницијативите за независни кандидати и листи за советите на општините со низа отежнителни измени во изборниот законик, се уште ли има некој што верува дека Заев спроведе демократски избор за претседател на СДСМ? За кадровските решенија во државните институции но и за оние во органите во партијата одамна е јасно дека се негов личен избор како во приватно претпријатие, прашува Куновска.

Според Куновска, тоа е таа „демократија“ за која се залага Заев.

Мои социјалдемократи, имате одговорност за се што се случува со СДСМ но и со Република Македонија. Ќе дојдат други времиња и ќе бидат потребни многу одговори, вели Куновска.