Куновска со прашање и одговор: СДСМ ќе ја изгуби власта ако го отфрли францускиот предлог

Поранешната пратеничка од СДСМ Софија Куновска прашува дали СДСМ ќе ја загуби власта во истиот момент кога партијата би го отфрлила францускиот предлог.

Куновска алудира на тоа дека владејачката партија не смее да до отфрли францускиот предлог поради коалицијата со ДУИ.

„Гледам бесконечен број наводни дебати на темата “француски предлог”, а се ми се чини дека “зајакот лежи” во одговорот на едно непоставено прашање до ДУИ: Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?“ – прашува таа.

„Или, со други зборови, ќе ја загуби ли СДСМ власта во истиот момент кога би го отфрлил францускиот предлог?“, пишува Куновска.