Куновска не е изненадена од Заев, се чуди на Царовска, Шеќеринска, Димитров и другите

Екс пратеничката на СДСМ Софија Куновска на својот Фејсбук профил сподели статус каде пишува дека тој (Заев) не се срами од себе а тоа го покажал многу пати.

“Дека тој не се срами од себе покажа многу пати.

Но, дека ниту еден од министрите не се срами од него и дозволуваат сеуште да им биде авторитет е тажен факт и за македонската политика воопшто но и за самите нив.

Верував дека има барем двајца што ќе се заблагодарат за довербата и соработката после последниот инцидент и ќе заминат со крената глава и чист образ.

Не е крај на светот ако не си министер”, пишува Куновска во нејзиниот пост на Фејсбук.