Екс шефицата на скопската организација на СДСМ јавно ги прозва министерот за информации и отчетност Роберт Поповски и советничката за култура на премиерот Цветанка Ласкова.
Причината е одлуката на УНЕСКО да го преиспита статусот на Охрид како заштитено културно наследство поради хаосот со градежништвото што го предизвикаа владата и локалната самоуправа.
“Роберт, Цветанка и останати, Не ви е ли cpaм да одите утре повторно на работа после ова? Ова не е само за cpaмота и за ocтавка. Ова е и за kpивична приjaва. Злocторство. Cpaм да ви е и apaм”, пишува поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска.