“Куманово капут” невкусна шега на несудениот директор

Музичарот Златко Ориѓански вечерва предизвика огромен број негативни реакции откако направи обид за црн хумор на сметка на Кумановци кои до понеделник наутро во 5 часот се во целосен карантин и не смеат да излегуваат од дома.

Ориѓански за Куманово го употреби зборот капут што на германски јазик значи нешто пропаднато, уништено, загубено.


Ориѓански кој учествуваше како музичар на изборни митинзи на СДСМ пред еден месец не доставил диплома за завршено високо образование до министерството за Култура по што владата не можеше да го назначи за директор новиот културен центар во Тирана иако веќе беше именуван на функцијата.

Според законот лице со средно образование не може да биде директор во државна институција.