Околу илјада културни работници денеска маршираат барајќи да биде донесен нов Закон за култура и да биде потпишан колективен договор кој значи уредување на платите, уредување на коефициенти според сложеност на работа, надоместоци од плата и други права од работен однос.

„Маршот е последно предупредување пред активирање на штрајк“, рече актерката Сања Арсовска , претседателка на Синдикатот на културните работници.

Пред Влада, каде хорот на Националата опера и балет изведе дел од операта „Хорот на Евреите“ од Набуко.