„Станува јасно дека нема да има 80 пратеници кои ќе гласаат за уставни измени, и на некој начин оваа изјава наликува на подготовка за избори – и претседателски, и парламентарни. Не очекувам тие да бидат предвремени, иако не го исклучувам и тоа, ако во соодветен момент се констатира дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени“, вели Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за „Дојче веле“.

„За уставните измени кои се обрска од преговарачката рамка со ЕУ, недостига приближно сличен број на гласови колку што беа потребни и за уставните измени кои произлегоа како обврска по Договорот од Преспа. Тогаш, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека верува оти осум или девет гласа можат да се обезбедат ‘со комбинација меѓу балканското и рационалното‘.


За разлика од 2018 година, сега е многу извесно дека „балканскиот начин“ е исклучен како „опција“, но не само поради децидниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека „уставни измени во овој парламентарен состав – ќе нема“.

„Овојпат ни странците не даваат поддршка за ‘балкански начин’, со користење уцени или закани, и од тој аспект нема пресврт на повидок“, вели Кржаловски во разгов ор со новинарката Катерина Блажевска.