Бројот на загинати во вчерашната пукотницата во училиште во Тексас се искачи на 20.

Ерик Естрада од Одделот за јавна безбедност во Тексас изјави за Си-Ен-Ен, дека се убиени 18 деца, напаѓачот и уште еден возрасен, што го означи најсмртоносното пукање во основно училиште во САД во речиси една деценија.

Естрада рече дека властите добиле повик за човек кој удрил со своето возило во канал, по што мажот излегол од возилото вооружен со пушка и се пресметал со полицајците пред да влезе во основното училиште.

Гувернерот на Тексас Грег Абот рече дека напаѓачот влегол во основното училиште Роб во Увалде – мал град на околу 85 милји западно од Сан Антонио – околу пладне по локално време и отворил оган со пиштол.

Абот го идентификува пукачот – кој најверојатно бил убиен од полицијата – како 18-годишниот Салвадор Рамос, жител на Увалде и поранешен ученик во училиштето, а Абот додаде дека тој ја убил својата баба пред да започне масовното пукање.

Пит Аредондо, началникот на полицијата во округот Увалде, рече дека напаѓачот дејствувал сам и властите не бараат други осомничени.

Според Абот двајца полицајци биле застрелани, но се очекува и двајцата да преживеат.

Не е јасно колку ученици и вработени во училиштето можеби се повредени, но Аредондо им рече на новинарите дека има „повеќе повредени“.