Крсто Мукоски “уставотворецот” и дружината вечерва чекаат амнестија

Нацрт текстот на Уставните амандмани одамна е договорен, се преговара за текст на амнестија. Вечерва треба Заев да им испорача на Крсто Мукоски и другите пратеници кои гласаа за уставните измени, се дознава од извори блиски на исклучените 8 опозициски пратеници кои кренаа рака за промена на името на државата.

Извори во БЕСА тврдат дека на состанокот кој веќе се случил на оваа тема се разговарало за слобода од обвинението за 27.април, а не за Уставните измени!

Причината е во тоа што уставните измени односно четирите барања кои што ги поставија 8те пратеници за да гласаат во финалната даза на лромена на уставот се веќе прифатени. Поточно, тие се веќе дел од преспанскиот договор.

Единственото барање за кое сега се бара решение е четвртата точка, онаа што говори за амнестија.

Дека барањата на Крсто Мукоски и останатите 7 пратеници на опозицијата кои гласаа За, биле само фарса покажува споредбата со деловите од преспанскиот договор во кои директно се одговара на условите на Мукоски и останатите.

Дека нешто е погрешно во целата ситуација говори и фактот што меѓу осумтемина пратеници нема ниту еден експерт за уставно и меѓународно право и сосема е извесно дека некој одлично упатен ги подготвил барањата со цел да изгледаат сериозно а всушност тие да се веќе исполнети во договорот.

Или можеби Крсто Мукоски и останатите додека биле во притвор специјализирале уставно и меѓународно право.