Според Државниот завод за статистика (ДЗС), во август 2022 година меѓу најслабо платените работници се најдоа вработените со заштитните дејности, производството, текстилците, дејности поврзани со производство на храна.

„Фактор“ ја објавува листата со најниски исплатени плати во земајва минатиот месец придружено со висината на исплатата. 

– Заштитни и истражни дејности – 18 320 денари. 

– Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 20 420 денари

– Производство на кожа и слични производи од кожа – 21.345 денари

– Производство на облека – 21.993 денари

– Производство на мебел – 22.871 денари. 

Според Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31.871 денар.

Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела…