Пријавители вработени во Управниот суд во Скопје поднесле кривична пријава за претседателот на овој суд Бурим Сејдини поради основано сомнение за вршење на кривично дело злоупотреба на службената должност.

Кривичната пријава која ја објавува Алсат е испратена до повеќе надлежни институции како Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата.


Пријавата ја добиле и премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска но засега тие молчат.

Според пријавата Сејдини вршел рачна распределба на предметите, иако бил должен тоа да го прави преку електронскиот АКМИС систем.

Според пријавите од вработени, Сејдини е осомничен и дека неодамна вработил две лица во судот што е спротивно на законот бидејќи се работи за мајка и ќерка со што постои случај на конфликт на интерес.

Во пријавата се тврди дека Сејдини намерно застарил над 190 предмети од 2021 до 2023 година.

Се работи за финансиски предмети од Царината и од Управата за јавни приходи.

Нанесената штета на државниот буџет изнесува милиони евра.

Сејдини е од Зајас, селото на Али Ахмети а пред да дојде на функцијата беше член на ДУИ.