Кривична пријава против Рашковски за аферата М НАВ

ВМРО ДПМНЕ до Јавното обвинителство поднесе кривична
пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како и докази за негова наводна вмешаност во местење на тендер за опрема за „Македонска Навигација“ (МНАВ) . 

„Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со  воздушниот простор  во вредност од 7 милиони евра,  иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети. Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му  се заканува казна затвор од најмалку 5 години“, вели Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ која ја достави пријавата до Јавното обвинителство.

Ос Обвинителството се бара, по допрен глас, да ги истражи и сомневањата дека Рашковски бил вклучен во наводни местења на тендери и во Министерството за здравство.