Иницијатива за кривично гонење за случајот со најавената изградба на висококатниците спроти Холидеј Ин поднесе Антикорупциската комисија до Обвинителството за гонење организиран криминал, дознава Телма.
Иницијативата се однесува за поранешните градоначалници на општина Центар, службени лица од општината, министерството за транспорт и врски, град Скопје и овластени планери поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, кои со своето непостапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП, неусогласен со ГУП и со тоа да се реализира имотна корист кај сегашните сопственици на парцелата која е дел од ДУП Цо8, вели за Телма Билјана Ивановска од ДКСК.
Иако не се споменуваат имиња, станува збор за поранешните градоначалници, Тодоровиќ и Жерновски и како и за Министерството за транспорт и врски, објави Телма.