Новинарот на емисијата ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски кој е познат како еден од најголемите критичари на погрешните политики на власта застана зад премиерот Ковачевски во врска со најновиот бугарски напад.
Зборувајќи на тема бугарска етничка припадност на сопругата на премиерот Момироски во емисијата ,,Еспресо со Златев и Боцевски” на Радио Лидер безусловно застана во одбрана на Ковачевски кој според него е предмет на нечовечки напад од делови на бугарската влада под контрола на Бугарската социјалистичка партија и претседателот Радев.
За Момироски од принципиелни причини е неприфатлив нападот врз Ковачевски од страна на бугарки медиуми во моменти пред решавање на статусот на Македонија во ЕУ и кога македонскиот премиер се сочува со сериозни семејни и државнички проблеми.
Овој дел од емисијата по 36 минута и 36 секунди од емисијата