Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека Западот има проблем со премиероти Албин Курти.
Како што истакна, Курти не сака да прифати предлози за деескалација на ситуацијата на Косово и Метохија, додека Белград е конструктивен и се поквалитетен партнер, објави Б92.
Во интервју за Гласот на Америка, Хил рече дека „прашањето е дали САД можат да сметаат на Курти како партнер“ и дека има суштински проблем со него бидејќи тој не е подготвен да ги прифати предлозите на САД и на Европската Унијата. Тој додаде дека одлуката за тоа ќе и ја препушти на американската амбасада во Приштина.
Тој посочи дека Курти ќе мора да направи „некои промени“ доколку сака да смета на САД како пријател и партнер.
„Не се сеќавам дека некогаш сум видел толку длабоки поделби во односите меѓу Приштина и Вашингтон“, рече Хил, нагласувајќи дека земјите-членки на Квинтата ја споделуваат загриженоста за дејствијата на Приштина.
