Земјите членки на ЕУ не постигнале договор за отварање пристапни преговори
со Македонија и Албанија, ова е резултатот од неформалниот состанок меѓу еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и амбасадорите на 28 земји членки кој се одржал вчера во Брисел.
Идејата за почеток на преговори само со Македонија и одложување на датумот за Албанија била една од идеите за кои се разговарало на состанокот но некои земји вклучувајќи ја и Германија се спротивставиле на тоа, брифираат доброупатени извори во Брисел.
Шанса за поинаква разврска на настаните и давање датум за преговори за Македонија може да има на следниот овој пат формален состанок на 28 амбасадори што треба да се случи идната недела, тврдат изворите кои што се сепак песимисти за позитивен развој на настаните за Македонија пред октомври.
Вчера премиерот Заев најави дека неговата влада ќе падне ако не добие датум за преговори до летото.
Македонската информативна агенција која има дописник во Брисел ниту другите медиуми под контрола на Владата на Заев не објавуваат никакви информации за вчерашната средба во Брисел.