Кремљ: „Азовстал“ е во руски раце

Руската војска соопшти дека фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол е „целосно ослободена“ откако се предале и последните украински бранители.

Според руското Министерство за одбрана, последната група бранители на Азовскиот полк, составена од 531 лице, се предала, пренесуваат медиуми.

Територијата на металуршкиот погон Азовстал во Мариупол, каде од 21 април е блокирана група украински борци од формацијата Азов, е целосно ослободена, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека од 16 мај, 2.439 „азовски неонацисти“ и украински војници „заробени во металуршката фабрика“ го положиле оружјето и се предале“.

„Последната група од 531 борец се предаде денеска“, потврди генерал-мајор Игор Конашенков.