Стопанска банка а.д. Битола нуди хипотекарен ненаменски, потрошувачки кредит со 4,5% фиксна каматна стапка за првите пет години.

– Оствари ги твоите соништа со најповолниот хипотекарен ненаменски, потрошувачки кредит – велат од Банката.

Каматната стапка од 4,5% е фиксна за првите пет години. Промотивно до 31.12.2021 година 0,5% провизија за одобрување и гратис полиса за осигурување за првата година. Доколку кредитот се искористи за рефинансирање на обврски во други банки, нема провизија за одобрување.

Рокот на враќање на овој хипотекарен ненаменски кредит е до 240 месеци, а максималниот износ кој може да се подигне се одредува според кредитната способност на кредитокорисникот и вредноста на обезбедувањето.

Кредитната способност е до 60% однос рата/плата. Старосната граница на кредитокорисниците е максимум 80 години на денот на достасување на кредитот.
Повеќе информации