„Милјазим Красниќи, професор по новинарство и книжевност на Универзитетот во Приштина и публицист, реагираше против акцијата на косовската полиција на северот.“ – објави косовскиот весник на албански јазик “„Бота сот“ во својата информација под наслов „Милјазим Красниќи по акцијата на северот: навистина, не успевам да ја разберам оваа политика на вториот владин кабинет на премиерот Курти“.

“Во една објава на фејсбук тој напиша дека ‘на три дена пред локалните избори на Косово му требаат мир и спокојство, а не шок – бомби и насилни протести’, дополнувајќи: ‘Криумчарењето на северот ниту денес почнало, ниту некогаш престанало. Можеше да се сочека акцијата да биде изведена во понеделникот, по одржувањето на локалните избори, заради соодветно постапување.“

„Според Красниќи, вака е поттикнато уште повеќе хомогенизирањето на Србите спроти локалните избори во Косово, кои ќе се одржат во недела 17.октомври 2021 година.“

„Уште повеќе е зголемена можноста за интервенирање на Србија на северот на Косово. Навистина, не успевам да ја разберам оваа политика на вториот владин кабинет на премиерот Курти. Таа оди на штета на Косово.“ – ја пренесе „Бота сот“ реакцијата на фејсбук на професорот и публицист Милјазим Красниќи.

Извор: https://www.botasot.info/aktuale-lajme/1684665/milazim-krasniqi-pas-aksionit-ne-veri-vertet-nuk-arrij-ta-kuptoj-kete-politike-te-qeverise-kurti-2/