Кралицата на Данска денеска го предава тронот

Популарната кралица на Данска, Маргарет Втора, денеска ќе абдицира на 83-годишна возраст препуштајќи го тронот на најстариот син, принцот Фредерик.



Таа има најдолг „стаж“ меѓу европските владетели и е последната кралица по смртта на британската Елизабета Втора.

Уметник и страствен пушач, Маргарет Втора го модернизираше кралството за време на нејзиниот половина век на тронот.

На тронот седна кога имаше 31 година, на 14 јануари 1972 година, по смртта на нејзиниот татко Фредерик IX.

Точно 52 години подоцна, таа му го предава жезолот на својот најстар син, престолонаследникот Фредерик, откако на новогодишната ноќ ја шокираше нацијата објавувајќи дека ќе абдицира поради нејзината напредна возраст и здравствени проблеми.

Денес, данското кралско семејство е меѓу најпопуларните во светот и ја ужива поддршката на повеќе од 80 проценти од Данците.

Маргарета до денес, беше единствената кралица на власт во Европа, но во иднина тоа многу веројатно ќе се промени.

Четири земји, Белгија, Холандија, Шпанија и Шведска, имаат женски наследнички на тронот.