Крал земал заем за да плати данок на државата

Хуан Карлос Први, кој абдицираше од шпанскиот престол во 2014 година, позајмил пари од пријатели и претприемачи за да плати данок на Шпанија во висина од 4,4 милиони евра, објави „Ел Паис“.

Според информациите биле потпишани договори за заем во присуство на нотар, со цел да се избегнат правни проблеми.

Оваа формула е избрана за да му се помогне на Хуан Карлос Први, но и да се избегне плаќање данок од 40% доколку парите му биле донирани.

Имињата на пријателите кои му помогнале, не се објавуваат, пренесуваат медиуми.

На 3 август минатата година официјално беше објавено дека Хуан Карлос Први, кој беше шеф на државата од 1975 до 2014 година, го известил својот син кралот Филип Шести за неговата одлука да ја напушти земјата.