Ковид-19: Седум починати, 115 нови случаи

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 115 нови случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.046,

бројката на оздравени пациенти е 3.027,

бројката на починати е 341,

бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678.