Ковид-19 ќе стане сезонска епидемија – ќе се контролира со вакцини!?

Пандемијата Ковид-19 веројатно ќе стане епидемија до есен или зима, која веројатно ќе се повторува секоја година.

Сепак, таа ќе може да се контролира со вакцини, изјави водечки германски вирусолог, Кристијан Достен.

Како што пренесува „Гардијан“, Достен верува дека бројот на заболени од коронавирус ќе се зголеми по летото, но дека болеста ќе може да се контролира.

Иако скокот најверојатно ќе се опише како „четврти бран“, рече тој, тој веројатно ќе означи почеток на „нова, ендемична фаза“ или „сезонска епидемија“ што ќе се повторува во текот на неколку години, но може да биде под контрола со ревакцинација.

Дростен очекува Германија да достигне целосна векцинација на 80% од возрасната популација до крајот на август или средината на септември.

Во моментов, 23% примиле целосна вакцинација и 47% имале единечна доза.