Причина што ЕСМ направил загуба од над 6 милиони евра, се граѓаните на кои им се продава поевтина струја, далеку под пазарната., вели премиерот Димитар Ковачевски.
„Aко ЕСМ продаваше струја по пазарна цена, тогаш ќе имаше добивка од 220 милиони евра, но немаше граѓаните да можат да ги платат сметките за електрична енергија затоа што ќе беа 90 проценти поскапи, вели Ковачевски.
Државните електрани поради енергетската криза за да можат да работата, извесен период добиваа пари од буџетот кој го полнат и граѓаните и фирмите.
Иако, средствата се префрлаа токму кај компанијата, премиерот тврди дека тоа било субвенција за домаќинствата за да не добиваат виски сметки за струја. Но, не прецизираше дали се уште се прави прилив на паритаму или пак ЕСМ остана без па поради тоа е направена ваква загуба, јавува Телма.