Премиерот Димитар Ковачевски за само еден месец потрошил 8 илјади евра за пропаганда на Фејсбук, објави пратеничката Бети Трајкоска.
,,Алооо Ковачевски што направивте?
Дали сте вие при здрав разум, народот леб нема да јаде, а ТИ за себепромоција за еден месец си платил скоро 8 000 евра.
Зарем народните пари за тоа треба да се трошат. Неспособен, а херој можеше да бидеш!
ДНО, БРУКА!”, пишува пратеничката до премиерот.
Преходно премиерот во повеќе наврати беше фатен како троши и до 900 евра на ден а за период од 3 месеци имаше потрошено 24 илјади евра.
Ковачевски изјави дека парите не се од државниот буџет но никогаш не кажа од каде му се парите за пропаганда на Фејсбук.
Алооо @DKovachevski што направивте?
Дали сте вие при здрав разум, народот леб нема да јаде, а ТИ за себепромоција за еден месец си платил скоро 8 000 евра.
Зарем народните пари за тоа треба да се трошат. Неспособен, а херој можеше да бидеш!
ДНО, БРУКА! pic.twitter.com/Znu9EXs7dK— Beti S. Trajkoska (@s_trajkoska) October 7, 2023