Српскиот претседател Александар Вучиќ на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на синоќешната средба во Атина, му рекол дека лично ќе се извини за изјавата на српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ според кој признавањето на Косово „ќе им се удри од глава на С Македонија и на Црна Гора“.
„Вечерва разговаравме со српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини“, објави на Фејсбук Ковачевски.
По средбата со Ковачевски Вучиќ на Инстаграм објавиа:
„Србија и Македонија се навистина пријателски земји. Ако ме прашаш мене, брат. Недоразбирање меѓу нас нема и не смее да има. Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство.“
