Ковачевски во посета на фирмата од каде бил отпуштен по само една година директорување

Премиерот Ковачевски вчера бил во посета на телеком операторот А1 Македонија без да каже што е целта на посетата.

Во објавата на социјалните мрежи премиерот зборува за енергија, одлучност, успеси и труд без да каже зошто точно бил во посета на фирмата која го смени од директорската позиција по многу кратко време.

Според офоцијалната биографија на Ковачевски тој бил извршен директор на сега А1 Македонија а тогаш ONE.VIP во периодот од 2017 до 2018 година.

Ова е рекордно кратко време на кое се задржал некој директор на телеком оператор во Македонија и регионот што укажува дека Ковачевски можеби бил сменет за неспособност или други сериозни нарушувања на работниот процес.

,,Денеска, како и првиот пат кога го поминав прагот на А1, почувствував енергија на соработка. Професионалните успеси се темелат на труд, одлучност и остварување заеднички цели. Овие принципи ги практикував и кога бев дел од менаџерскиот тим на А1 и сега како премиер”, објави Ковачевски за посетата без да објасни каков професионален успех направил во А1 Македонија.

Ковачевски не открива ниту каква врска има неговата посета со вршењето на функцијата премиер и зошто губел работни часови за да посети фирма од каде бил отпуштен како директор.

Во меѓувреме дел од медиумите истражуваат дали Ковачевски како директор на А1 Македонија имал пријави од колешки од компанијата за прекршување на правата на вработените.