„Вето нема да има, бидејќи преговорите веќе ги почнавме“, одговори денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Ова го рече во одговор на новинарско прашање за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Македонија е под вето и дека ќе побара мониторинг за правата на Бугарите во земјава.
Радев: Македонија е под вето додека не ги вклучи Бугарите во Уставот
„Македонија веќе го почна скринингот со ЕУ и е во поодмината фаза, а досега сѐ се одвива непречено“, рече премиерот.
„Еден од тие патокази е правата на малцинствата, односно на етничките заедници кои не се дел од најголемата заедница во земјата. Очекувам дека ќе го исполниме на највисоко врвно ниво, бидејќи во споредба со која било земја во Европа правата на етничките заедници кај нас се на највисоко ниво. Имаме институции и закони и тоа се однесува на сите заедници“, рече Ковачевски.
„Бугарија не би ја коментирал, тие се во избори и секој дава изјави за да собере некој глас. Кога ќе завршат изборите ќе разговориме се владата што ќе ја изберат.
Но, со Бугарија не преговараме за влез во ЕУ, преговараме со Брисел, додаде Ковачевски.
