Ковачевски стравува од „струен удар“ по бугарската такса на рускиот гас

Според премиерот Димитар Ковечевски, воведувањето на такса од 10 евра по мегават за кубик руски гас, која ја воведе Бугарија, со амин“ на ЕУ, во нашата држава ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и затоплувањето за 20 отсто.

„Побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса.

Во моментот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на ’Газпром’ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа“, вели премиерот.

Вчера, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, одговарајќи на прашањето што доколку таксата од Бугарија за природниот гас остане и дали тоа ќе направи проблем, рече дека на последниот тендер цената за увоз на природен гас е вообичаена и е во рамките на тоа што е на најголемата берза во Европа.

Тој децидно рече дека корекција на цената за топлинска енергија нема да има и додаде дека Македонија не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса.