Премиериот Димитар Ковачевски сподели фотографија од средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, кој сега бил оптимист за побрзо зачленување на Македонија во Европската унија, иако токму тој пред четири години го блокира стартот на преговорите со објаснување дека прво требало ЕУ да се реформира пред да се прошири.
„Среќен сум што претседателот Емануел Макрон споделува оптимизам за што побрзо членство на Северна Македонија во Европската Унија и за брз реформски процес. Во наш интерес е влијателни лидери како што е францускиот претседател да ни бидат поддршка на нашиот пат кон ЕУ“, напиша Ковачевски на Фејсбук.