Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека со согласува со ставот на Амбасадата на САД во земјава во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Амбасадорката на САД земјава, Анџела Агелер во петокот упати критика за изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.


САД и ЕУ збунети по изборот на Ислам Абази

„Јас се согласувам со изјавата на Американската амбасада’ вели Ковачевски според кој ниту тој, ниту Владата и министрите немале никаков удел во изборот на шеф на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази.

„Како бил направен изборот, тоа може да ви го кажат најдобро обвинителите. Дали е според сите стандарди и според сите принципи на добро владеење? Тоа исто така може да ви го кажат самите обвинители или пак оние институции вклучително и меѓународни институции коишто учествувале во спроведувањето на реформите во обвинителскиот систем во државата“ вели Ковачевски.

Премиерот смета дека „на тој систем му се потребни уште реформи, уште унапредувања. Правосудниот систем во државата има кредибилитет од осум проценти. Сметам дека пред нив има огромна работа и треба да покажат дека можат граѓаните и институциите да веруваат во тој систем“, рече Ковачевски.