Трендот на премолчување на името на државата или на придавката „македонска“ од највисоките државни функционери во Македонија го продолжи премиерот Димитар Ковачевски во објавата на Твитер за своето присуство на пријателскиот натпревар на „нашата фудбалска репрезентација“ со Азербејџан, за кој не му е проблем да го напише државното име.

Поддршката од Ковачевски не му помогна на македонскиот национален тим, кој го претрпе првиот пораз во седмиот меѓусебен дуел со Азербејџанците, и тоа со убедливи 3:1.