„Денешната средба со господинот (Арбен) Таравари е продолжување на лидерската средба, која ја имавме во текот на изминатиот период со претседателите на сите парламентарни политички партии “ изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

АА во Влада? Мицкоски очекува да преовлада разумот кај Таравари

Премиерот најави дека планирал во наредниот период да одржи поединечни средби со сите политички партии застапени во Парламентот, „со цел да продолжиме да разговараме околу одлуките кои треба да се носат за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен консензус“.

Тој рече дека дека се’ што се зборува за денешната средба со в.д. претседателот на Алијанса Албанците, Арбен Таравари и за влегување на партијата во Владата, е во делот на шпекулациите.