Ковачевски, Шаќири, Груби, Битиќи и Бесими ќе го унапредувале образованието преку Совет?!

Можеби во Македонија учебната година почна со скрипти и без учебници, а поради енергетската криза се споменува и можно учење од дома наместо со физичко присуство, но затоа ќе има Совет за унапредување на образованието и науката?!

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата ја усвоила информацијата за потребата од формирање такво тело, со кое ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а ќе го сочинуваат и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.