Премиерот Димитар Ковачевски денеска се пофали со пуштање во употреба на патот Куманово – Страцин без да види дека во видеото се гледа голема грешка на владата.
,,Успешно се поврзуваме со Европа и светот. Со магистралниот пат Куманово-Страцин, кој е дел од паневропскиот Коридор 8, сме чекор поблиску да станеме главен транспортен центар во регионот. Со овие инвестиции ја позиционираме Македонија на светската сообраќајна карта”, објави Ковачевски кој најверојатно мисли дека мостовите и надвозниците на патиштата служат за да биде поубаво неговото пропагандно видео.
Имено на повеќе места во видеото се гледа дека еден надвозник над патот со кој се фали Ковачевски воопшто не е поврзан со тазе асфалтираниот пат и дека граѓани со ризик по својот живот го поминуваат патот веднаш до надвозникот.
Вообичаено надвозникот треба да биде поврзан со патот кој минува под него за да можат граѓаните безбедно да го поминат преку регионалниот пат но Ковачевски и неговиот тим веројатно сметаат дека е нормална работа надвозникот да биде отсечен од патниот правец и да биде само статист во фалбата на владата.
Успешно се поврзуваме со Европа и светот. Со магистралниот пат Куманово-Страцин, кој е дел од паневропскиот Коридор 8, сме чекор поблиску да станеме главен транспортен центар во регионот. Со овие инвестиции ја позиционираме Северна Македонија на светската сообраќајна карта. pic.twitter.com/11u4ZV7BcX
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) May 25, 2023