Премиерот Димитар Ковачевски на цел глас се фали за користење на македонски јазик во договорот со Фронтекс иако досега сите договори со ЕУ биле на македонски јазик но премолче за понижување на македонскиот народ од страна на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
На прес конференцијата во владата Германката одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени за Бугарите во уставот рече дека се надева дека ,,Северномакедонците” ќе се обединат за да го сменат уставот како предуслов за преговори со ЕУ.
Со користење на терминот Северномакедонци наместо Македонци гостинката прекрши неколку меѓународни правила, пред се правото на самоопределување на секоја нација но поголем проблем од нејзиното, беше однесување на премиерот Ковачевски.
Наместо да ја поправи и да каже дека Македонците не се северномакедонци Ковачевски премолче и со тоа им даде на сите идни дипломати дозвола да ги наведуваат Македонците и да ги нарекуваат со погрдното име Северномакедонци.
И денеска од владата нема реакција за навредата од Фон дер Лајен која се случува на 35 минута од видеото