Ковачевски: Разговорите со Софија ќе продолжат, но не за идентитетот и македонскиот јазик

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ, рече во своето воведно обраќање мандатарот, Димитар Ковачевски, на собраниската седница на која се избира нова влада.

„… Историјата е на историчарите, но идентитетските прашања се темели на народот и на државата. За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик“, рече Ковачевски.

Тој најави дека р„азговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, бидејќи ние сме пријателска земја која развива добрососедство и бидејќи имаме исклучителен стратешки интерес да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ.Владата ќе продолжи да ги одржува и развива добрососедските и пријателските односи со сите свои соседи постојано иницирајќи нови програми и проекти за поврзување на граѓаните преку иницијативи како што е ‘Отворен балкан’“.