Цели 25 месеци откако таму се сликаше неговиот претходник Зоран Заев и актуелниот премиер Ковачевски отиде да се слика во старата училишна зграда во селото Љубојно во Преспа.
Од сликите објавени од Заев и Ковачевски кој тогаш беше заменик министер за финансии се гледа дека нема никаква промена на зградата за која Заев објави дека се обезбедени 30 милиони денари или околу половина милион евра.
Според фотографиите во зградата не се инвестирани ни 30 денари но тоа не е пречка Ковачевски две години откако Заев се пофали со проектот, да се гордее со истиот заглавен проект.
,,Горд сум што старото училиште „Димитар Влахов” во Љубојно станува Центар за промоција на македонскиот јазик. Веќе се преземени активности за реконструкција и ревитализација на објектот и негова адаптација.
Оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик”, објави Ковачевски кој не открива каде се половина милион евра обезбедени кога тој бил заменик министер за финансии.
Ковачевски не открива ниту кога точно ќе заврши проектот.
Горд сум што старото училиште „Димитар Влахов" во Љубојно станува Центар за промоција на македонскиот јазик. Веќе се преземени активности за реконструкција и ревитализација на објектот и негова адаптација.
Оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик. pic.twitter.com/V6JFK5MKHh
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) January 20, 2023
Возрасните и децата од Љубојно наскоро ќе ја видат оваа зграда обновена во нов сјај. Како Влада, обезбедивме првични 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик кој ќе постои на местото на старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно. pic.twitter.com/tSmtDOelVu
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) December 20, 2020