Македонскиот премиерот Димитар Ковачевски платил фантастични 646 евра за еден ден Фејсбук пропаганда.
Ова го покажува извештајот на компанијата Мета која управува со социјалната мрежа Фејсбук.
Парите со кои едно македонско семејство може да живее цел месец Ковачевски ги потрошил на седми мај.
Тогаш премиерот трошел по речиси 20 евра на час или 22 денари на секоја минута од денот.
Предходно Ковачевски беше фатен дека потрошил 26 илјади евра за 100 дена или 7 илјади евра месечно но новата сума е апсолутен рекорд.
Доколку тој троши по 464 евра дневно месечно ќе му бидат потребни 13900 евра или 167 илјади годишно.
,,Мислам дека имаме рекорд. 646 ЕВРА НА ФЕЈСБУК/ИНСТА РЕКЛАМИ ВО ЕДЕН ДЕН за славниот Димитар Ковачевски Таче!
Скоро 40.000 денари ВО ЕДЕН ДЕН за да се рекламира на фејсбук Таче колку е јак, успешен и како живеете подобро откако е премиер”, пишува популарниот Богдан Илиевски алијас Бетмен велит за неверојатната сума што Ковачевски ја троши за Фејсбук пропаганда.
Покрај Ковачевски на листата што ја објавува Илиевски има уште неколку медиуми блиски на СДСМ кои даваат многу пари за промоција.
Мислам дека имаме рекорд. 646 ЕВРА НА ФЕЈСБУК/ИНСТА РЕКЛАМИ ВО ЕДЕН ДЕН за славниот Димитар Ковачевски Таче!
Скоро 40.000 денари ВО ЕДЕН ДЕН за да се рекламира на фејсбук Таче колку е јак, успешен и како живеете подобро откако е премиер. pic.twitter.com/xXb2sJAqE1
— Боби (@BatmanSaysT) May 10, 2023