Украинскиот Русин со узбекистанско потекло Александар Онишченко добил македонски пасош а во Вашингтон важи за човек што сакал да ја прекине претседателската кампања на Џо Бајден со објава на компромитирачки материјали за неговиот син Хантер.

Поранешен американски амбасадор во ОБСЕ и дел од поширокиот тим поддржувачи на актуелниот претседател на САД открива дека Онишченко е човекот кој се договарал со тимот на Трамп со цел да му ја уништи политичката кариера.


Според податоците кои ги дава амбасадорот Мајкл Карпентер кој е дел од организациите блиски на Бајден, човекот кому македонските власти му дале пасош е одговорен за аферата Деркач во која беше споменуван Хантер Бајден а која требаше да заврши со политичко уништување на претседателот Бајден.

Американските власти тврдат дека Онишченко му предал „преработени аудиоснимки“ од наводните разговори меѓу поранешниот украински претседател Петро Порошенко и тогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, на Андриј Деркач, независен украински пратеник, за кој се тврди дека е прв човек на наводната мрежа на Кремљ.

Деркач почна со објавување на снимките во 2020 година. На една од нив, снимена на 18 февруари 2016 година, а на која се тврди дека се слушаат гласовите на тогашниот Бајден и Порошенко, се разговара за соработката на Украина со Меѓународниот монетарен фонд, за национализацијата на Приватбанк на олигархот Ихор Коломојски и за активностите на украинската енергетска фирма „Бурисма“, каде што синот на Бајден, Хантер Бајден, своевремено работеше во одборот директори.

Во периодот кога беше објавена снимката, актуелниот претседател Бајден беше водечки кандидат за претседател на Демократската партија. Негов противкандидат беше Доналд Трамп, објави Призма.

,,Рускиот пропаганден медиум Спутник штотуку откри дека пребегнатиот олигарх Александар Онишченко е изворот на снимките на Деркач. Тој тврди дека неговиот адвокат му ги предал снимките на Деркач и признава дека работи со администраторот на Трамп за да протече дополнителни снимки овој септември (!)”, објавува американскиот екс амбасадор во ОБСЕ Карпентер и цитира извадоци од интервју на рускиот државен медиум Спутник:

„Спутник: Значи вашите адвокати ги имаа снимките цело ова време? Дали има уште такви?

Олександр Онишченко: Да, има повеќе. Администрацијата на Трамп повторно ќе ги искористи во септември…поблиску до избори, ќе почнат да ги користат повеќе“.

Соработникот на Бајден објавува дека Ал Џезира во 2018 година во документарец-бомба објавила дека Онишченко заговарал со Павел Фукс да купи замрзнати средства од кланот Виктор Јанукович и да ги испере истите средства во западните финансиски институции преку Дојче банк.

,,Фукс, ко-развивач на московската Кула на Трамп, е соработник на Руди Џулијани. Само да резимираме: Ал Џезира објави дека соработникот на Руди соработувал со пребегнатиот олигарх Онишченко за да исперат стотици милиони замрзнати средства на Јанукович купени од руски тајкун.

И сега, оваа иста група олигарси поврзани со Трамп и Џулијани протекуваат снимки од непознато потекло за да се обидат да ја поткопаат американската политичка кампања. Истите луѓе наводно биле вклучени во масовна шема за перење пари во Украина”, пишува Карпентер за шемата во која Онишченко сакал да го уништи американскиот претседател Џо Бајден.

Македонските власти тврдат дека македонското државјанство за човекот што работел против Бајден е дадено согласно законот.

Калето не може да се соземе од ударот од зад грб од Ковачевски, Пендаровски и Ахмети кои ги контролираат институциите

СП: Молк од американската амбасада и АНБ за пасошот на човекот на Путин што учествувал во урнисување на Бајден