Ковачевски одбива да коментира наводи за „пуч“ подготвуван од Заев

Премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека не сака да ги коментира наводите за наводен пуч во СДСМ што наводно го подготвувал Зоран Заев, зашто како што вели Ковачевски, поранешниот лидер на СДСМ и екс-премиер самиот ги демантирал.

Пропаѓа ли пеколниот план на Заев или струмичкото крило се прегрупира

Прашан за тоа во какви односи е со Зоран Заев, Ковачевски, рече дека неговиот однос со сите претходни претседатели на СДСМ е на ниво на комуникација со луѓе кои што се вградиле, како во развојот на партијата, така и во развојот на државата.

„Сите извршувале високи државни функции и секако искуството, кое што го имаат, доколку биде потребно, јас знам да се консултирам со нив. Најголемиот дел од претседателите присуствуваа и на трибините кои што го имавме како политичка партија во текот на месеците октомври, ноември и декември и со тоа и ја искажаа својата поддршка“, изјави Ковачевски.

Актуелниот премиер инаку истакна СДСМ по поразот на локалните избори во 2021 година е веќе консолидирана партија, која ги гради своите политики во рамки на официјалните тела и е вратена на победничките патеки.