„Таксативно“ набројувајќи ги „големите успеси“ на многу полиња, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ја додаде и заштитата на „нашиот идентитет“.
„Покажавме дека е можно да се заштити и одбрани нашиот јазик, идентитет, нашите национални интереси. Денес, повеќе од кога било, од кој било друг, докажуваме дека може да бидеме почитувани во Европа и во целиот свет“, констатира претседателот на Владата на трибината на неговата партија под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.
„Ве повикувам заедно да се спротивставиме на пироманските политики и да ја обезбедиме европската иднина на земјата“, додаде Ковачевски.